Термините запишани.
Времето твое.
Сите термини, клиенти и слободни часови на едно место — без постојано проверување пораки и тетратки.
Бесплатно за време на тестирањето
Ти звучи познато?
Само да ја проверам тетратката.
Ќе видам кога сум слободна и ќе ти пишам.
Ќе одговорам вечер.
Не мора сè да ти биде во глава.
Со Запишано, термините, клиентите и слободното време ти се на едно место.
Сè што ти треба за денот — на едно место.
Без пребарување низ пораки, без пресметување во глава и без да ја бараш тетратката секогаш кога некој ќе праша за термин.
Гледаш што следува и кога си слободна.
Термините и блокираното време ти се јасно прикажани во дневен и месечен преглед.
Клиентите ти се таму каде што ти требаат.
Име, број и белешки без пребарување низ стари разговори.
Кога сакаш, клиентите можат сами да закажат.
Сподели го твојот линк и дозволи им да изберат од термините што ти си ги оставила слободни.
Не мора секоја порака за термин да ја чека твојата вечер.
Со твојот линк за закажување, клиентите можат сами да видат кога си слободна — и да закажат без ти да бидеш постојано онлајн.
20:47
„Здраво, имаш ли нешто слободно во петок?“
преку твојот линк
Терминот е закажан.
Тетратката не мора секогаш да биде со тебе.
Распоредот ти е на телефонот. Провери кога си слободна, додај термин или најди клиент каде и да си.
Почнуваш едноставно.
- 01
Намести го профилот
Услуги и работно време.
- 02
Запиши ги термините
Сè ти е во календарот.
- 03
Сподели го линкот — ако сакаш
Клиентите сами избираат слободен термин.
Ти одлучуваш кога може да се закажува.
Ти го поставуваш распоредот. Запишано само го следи.
- Одреди кога работиш.
- Блокирај време кога не си достапна.
- Вклучи или исклучи јавно закажување кога сакаш.
Помалку во глава.
Повеќе време за тебе.
Среди ги термините на едно место и остави ја работата таму каде што припаѓа.
Бесплатно за време на тестирањето.